Дигитализација на битолскиот катастар во 2014 година

Bez autora
Jan 05 2014

Издавањето имотен лист на улица по принципот на работа на банкоматите е само една од новините кои годинава предвидува да ги воведе Одделението за катастар и недвижности (ОКН) Битола. Битолскиот катастар ги презентираше постигнатите резултати во 2013 и планираните активности за 2014 година, меѓу кои беше речено дека приоритет ќе биде дигитализацијата на катастарот, која треба да заврши до крајот на годинава. Според раководителот Стевче Стефановски, изминатата година беше исклучително успешна, процесуирани се сите поднесоци од граѓаните кои побарале услуга. Минатата година имавме 60.000 предмети, по 250-300 дневно. Од нив, сите се решени, нема ниту еден нереализиран.

Дигитализација на битолскиот катастар во 2014 годинаИздавањето имотен лист на улица по принципот на работа на банкоматите е само една од новините кои годинава предвидува да ги воведе Одделението за катастар и недвижности (ОКН) Битола.

Битолскиот катастар ги презентираше постигнатите резултати во 2013 и планираните активности за 2014 година, меѓу кои беше речено дека приоритет ќе биде дигитализацијата на катастарот, која треба да заврши до крајот на годинава.

Според раководителот Стевче Стефановски, изминатата година беше исклучително успешна, процесуирани се сите поднесоци од граѓаните кои побарале услуга.

- Минатата година имавме 60.000 предмети, по 250-300 дневно. Од нив, сите се решени, нема ниту еден нереализиран - истакна Стефановски на прес-конференција.

Тековната 2014 година е и во знакот на регионализацијата, ОКН-Битола ќе биде еден од неколкуте регионални центри во државата.

- Процесот на дигитализација треба да заврши на 31 декември 2014 година. За запазување на динамиката ангажирани се дополнителен број лица. За дел од нив имаме поддршка од Светска банка, но се грижиме и сами да создаваме услови за нови вработувања и во овој период вработивме 17 лица. Годинава ќе воведеме и една крупна новина - на 15 март ќе го промовираме новиот лик на имотниот лист, во кој ќе биде содржан подземен катастар, како и податок со проценета вредност на соодветниот имот - посочи Стефановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik